Човекот зад камерата на True Detective

Анталогиската крими серија True Detective синоќа го доби крајот на првата сезона. Фалена од критиката и обожавана од публиката Тrue Detective брзо стана култен класик и фаворит за следната сезона на награди.

Првата сезона True Detective ја одбележа одличната глума од двајцата актери во главните улоги: Вуди Харлисон и тазе оскаровецот Метју Меконахи, квалитетното сценарио но и одличната режија.

Зад камерата на True Detective стои Кери Фукунага. Млад, талентиран режисер со само два самостојни играни филмови, но со светла иднина пред себе.

Студент во класата на нашиот Милчо Манчевски на NYU, Фукунага го привлече вниманието на Холивуд со одличниот Sin Nombre од 2009-та година (за кој ја освои наградата за најдобра режија на Филмскиот фестивал Sundance), а во 2011-та ја режираше и најновата адаптација на култниот Jane Eyre со Мајкл Фасбендер и Миа Васиковска во главните улоги.





Следен проект на Фукунага ќе биде Beast Of No Nation, драмата со Идриз Елба во главната улога, а покрај тоа што ќе го режира, Кери го напиша и сценариото. Филмот ќе биде адаптација на истоимената новела на младиот писател по потекло од Нигерија, Узодимна Ивеала.



Фукунага потврди дека нема да ја режира втората сезона од True Detective, но додека го очекуваме следното од Кери Фукунага да се потсетиме на дел од најдобрите сцени преку кои дојде до израз неговиот талент.



6-минути долгата сцена без прекини и монтажа



„ Of course I'm dangerous, I'm police“ сцената



Борбата на Раст и Марти



„Финалето“ од 5-та епизода



Смртта на Реџи



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...