Тажен крај за девојчето кое ветуваше толку многу

Американската актерка Скај Мекол Бартусијак која се прослави со улогата на најмладата ќерка на Мел Гибсон во филмот The Patriot изминатиот викенд беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Хјустон Тексас.

Таа имаше само 21 година и за сега причината за предвремената смрт е непозната, и покрај тоа што нејзината мајка за CNN изјави дека актерката страдала од епилептични напади во изминатите неколку години. Останува да се почекаат извештаите од аутопсијата која во наредните неколку дена ќе биде извршена.

Скај беше позната како одлична дете актерка која подоцна во адолесценцијата за жал не успеа да ја достигне славата и кариерата од детството. Првата филмска улога Скај ја имаше во оскаровскиот филм во режија на Ласе Халстром The Cider House Rules покрај одличните Тоби Мегваер, Шарлиз Терон и двојниот оскаровец Мајкл Кејн, а една година потоа ја доби и улогата на Сузан Мартин, најмладата ќерка на Бенџамин Мартин, ликот портретиран од Мел Гибсон во The Patriot.

Актерката во кариерата од повеќе од една декада глумеше покрај одлични и талентирани актери како Џон Савиџ, Алекандар Скарсгард, Џејмс Вудс, Мајкл Даглас, Форест Витакер Мег Рајан, Хилари Свенк, Кристофер Вокен и Ен Маргарет, а на ТВ екраните глумеше во познатите и успешни серии како 24, Frasier, House, Lost, CSI....

Сепак, додека ги очекуваме вестите за причината за смртта на Скај, да се потсетиме на дел од нејзините незаборавни филмови и ТВ појавувања.

The Cider House Rules

Тhe Patriot

Don't Say a Word

Beyond the Prairie: The True Story of Laura Ingalls Wilder

Sick Boy



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...