Богатиот психо „ловец на олимпијци“

Наслов: Foxcatcher

Режија:
Бенет Милер

Сценарио:
Ерик Макс Фрај и Ден Футерман

Улоги:
Стив Карел, Ченинг Тејтум, Марк Рафало....

Времетраење: 134 мин.

Жанр: биографска драма




До сега верував дека најдобриот перформанс кој Стив Карел ни го прикажал е во Little Miss Sunshine. Колку бев во заблуда, дури сега сфатив дека тоа беше само неговата транзиција кон сериозните улоги. Можеби почекавме талентот да се „избруси“, но со вистинско водство конечно пристигна. Сега тој е во полн сјај и е апсолутно прекрасен за гледање.

Карел е Џон Ду Понт, милијардер и ентузијаст за многу нешта. Историја, птици, оружје, но пред сè oлимписко борење во слободен стил. Тој ќе му пристапи на олимпиецот Марк Шулц (Ченинг Тејтум) и ќе му понуди финансиска и морална поддршка да го повтори успехот од ОИ во Лос Анџелес, но сега како дел од неговиот тим - Foxcatcher. Поддршката ќе дојде со висока цена, не само за Марк, туку и за неговиот брат Дејв Шулц (Марк Рафало).

Но, за триото пред камерата малку подоцна. За почеток, малку за Бенет Милер, човекот зад камерата, кој некако веќе стана експерт во креирањето биографски драми. Ова е негова 3-та драма од 4-те досегашни филмови во кариерата.



Бенет Милер сака да го „вози филмот“ како стар дедо. Сака меланхонија и не сака „брзина“.  Можеби тоа е една од мааните на Foxcatcher, инаку одличен биографски филм. Таа меланхонија за која зборувам на моменти се траснформира во пасивна досада.  Режијата е глатка со долги сцени и камера примарно фиксирана на лицата на актерите, но не импресионира премногу во стилот и техниката, па затоа сметам дека номинацијата за Оскар на Бенет во категоријата, најдобра режија беше огромна грешка. Филмот е „тенок“ со дијалог, но тоа му оди во прилог на триото актери бидејќи не се натпреваруваат со зборови. Се надополнуваат преку гестовите, а со поддршката во заедничките сцени, тие се подобруваат како актери пред нашите очи.

Марк Рафало со секој нареден филм е се подобар. И покрај тоа што е во споредна улога, ликот на Дејвид го направил да биде најнормалниот, најпријатниот од сите тројца, но во исто време толку исполнет со контрадикторности. Груб на изглед со густа црна брада, а толку смирен, прекрасен топол семеен човек. Практично тој и го израснал, а сега му е и најголем поддржувач, мотиватор, кондиционерен тренер. Само погледнете ја тренинг сцената по огромните количини на храна конзумирани од страна на Марк во момент на разочараност. Може да се каже дека таа е метафора за нивната врска целиот живот. Таа врска, блискост меѓу браќата е повеќе претставена во моментите на најголем очај и депресија, но убаво претставена во нив.

И кога сме кај одличните перформанси... Не верував дека Ченинг Тејтум, еден од најнеталентираните актери во Холивуд ќе успее да ни прикаже ваква глума. Пријатно изненадување од актерот кој го сметав за само „манекен од Холивуд“. Глума која не е вредна за Оскар, но има искреност, но пред сè упорност за докажување во неа. Tаа што е вредна за Оскар е на Карел. Неговата глума ќе ја „излупам“ за полесно да сфатите колку е маестрална и комплексна. Најпрво тука е физичкиот изглед. Карел на лицето е со простетички нос, усни и врат, но транформацијата на неговиот лик ја однесол подалеку од визуелното. Тонот на гласот го спуштил за неколку октави, а забележете го и самиот говор. Тука е вториот слој.

Џон Дупонт страдал од параноидна шизофренија и таа била причината за злосторството кое го сторил, но во ниту еден момент не гледаме ниту клише фрагменти од самата болест кои би ги виделе да се работеше за друг актер. Замислете колку е тешко, психозата да ја пренесете статички само со гласот. Да,  самите паузи во говорот од Карел се доволни да влеат страв, а да не ги споменувам методите на „билдање на спортскиот дух“ преку огромни количини на кокаин.

Акцентот во најголемиот дел е премногу ставен на триото машки ликови, и премалку време е посветено на ретките женски ликови во овој филм. Зад тие ликови се актерки како Сиена Милер (сопругата на Дејв Шулц) и Ванеса Редгрејв (мајката на Џон ду Понт), но тие се дел од само 2-3 сцени, недоволни за актерки од нивниот калибар.

Foxcatcher го бара вашето трпение. За вниманието се задолжени одличните перформанси, но трпението ќе биде тестирано од Бенет Милер. Ако го имате, Foxcather вреди секоја минута.

С. Лазаревска

Foxcatcher можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите:

секој ден: 19:50, 22:15 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...