ИЗНЕНАДУВАЊЕ - ЕДЕН ОД МАКЕДОНСКИТЕ ФАВОРИТЕ ЗАМИНА ДОМА

Боби Мојсовски во полуфинале – Тоше би бил горд на тебе!

Боби Мојсовски во синоќешна емисија на X-Factor Adria повторно беше на висина на задачата и покажа зошто важи за еден од главните фаворите за победник.

Со изведување на песната „По тебе“ од Тоше Проески, Боби во вчерашната епизода ја оправда улогата на фаворит, а неговата горда менторка Александра Ковач, за време на целиот настап со насмевка на лицето и во ритам го следеше секое негово движење. Со својот неверојатен вокал Охриѓанецот успеа да ги воодушеви сите, а коментарите на жирито беа на високо ниво:

- Што да ти кажам, не може да го смениме фактот дека беше сјаен, рече Тончи. Мислам дека Тоше би бил многу горд на тебе, како што сум и јас, рече Жељко. Му оддаде почит на Тоше, додаде Александра.



Инаку тоа што неделата вечер, т.е. првиот дел од емисија сите кандидати успеаја да се спасат, оваа вечер полошо им се одрази. Наместо само еден кандидат, испаднаа дури четворица, а меѓу нив и нашиот кандидат Давид Темелков, кој беше дури и еден од фаворитите за победа во шоуто.

Имено Давид се најде во вториот дуел од вечерта заедно со Highway Trio. Нашиот натпреварувач се обиде да се извлече и да го освои жирито со уште една песна од Тоше Проески, пеејќи ја на српски „Igra bez granica“, но сепак жирито речиси едногласно (освен гласот на неговата менторка Александра Ковач) гласаше за Highway Trio. Тоа беше прва ситуација во која не беа рамномерно поделени гласовите од страна на судиите, па да се остави публиката да решава, па поради тоа присутните во салата, но и оние пред малите екрани останаа многу зачудено од одлуката на судиите.



Освен Давид, двајца кои го напуштија шоуто без можност за песна во дуел беа Катерина и Милан, а во првиот дуел испадна и Илија.

Покрај Боби, директни полуфиналисти се и Ива, Магдалена, Амел, Аднан и Тарик и 9 Controls, на кои по дуелите им се придружуваат и Антонио и Highway Trio.

За одбележување во вечерта е настапот на нашата поп ѕвезда и можеби најдобра пејачка, Каролина Гочева изведувајќи ја нејзината „Кој да ми запеа“ со која блесна на сцената и со изведбата, но и со изгледот. Каролина со својот црвен фустан едноставно воодушеви.



Како што информираше продукцијата, на 15-ти јуни во Сити Мол во Скопје ќе има организирана дружба на фановите со нивните миленици од X-Factor.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби