Скопје не и одолеа на сексапилната Северина

Телеком ја вети најголемата забава во градот и го исполни ветувањето. Порта Македонија вчеравечер се претвори во центарот на сите случувања благодарение на музичката програма што беше подготвена за големиот музички спектакл.

Забавата ја започна Каролина со песните од последниот албум „Македонско девојче“.

Публиката во еден глас со неа ги пееше стиховите на „Две лири“ , „Ружа Ружица“, „Пролет лето есен зима“ и ред други хитови, додека Гочева со својот префинет стил и моќен глас блескаше на сцената.

По неа следуваше вистинско „откачување“ со хрватската поп атракција, Северина Вучковиќ.

Неверојатна секси појава, висока потпетица и Севе стисна на гасот подигнувајќи ја атмосферата на едно сосема поинакво ниво. Жената која зад себе има 25-годишна кариера  предизвика еуфорија во центарот на Скопје.

Нејзината харизма ги натера и најуморните да заиграат во ритамот на нејзините песни, а за награда оние кои се најдоа најблизу до сцената ја добија наметката и прстените кои пејачката ги фрли во публиката.

Сакаме да признаеме или не, хрватската дива е шоумен кој ќе измами насмевка и кај најголемите скептици.

Крајот на вечерта беше резервиран за светскиот DJ, Дејвид Моралес. Неговите сетови ја забавуваа публиката до два часот по полноќ, претворајќи го центарот на градот во клуб на отворено.

Текст и фото: Н.В/А.Ш



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби