Ако ви кажеме дека на денешна дата во 1951 година е роден Гордон Метју Томас, сигурно ништо нема да ви значи. Но, ако кажеме дека денес му е роденден на легендарниот Стинг, сигурно ќе објавите барем една песна од него на вашите социјални мрежи.
Пред неговата соло кариера, Стинг беше главниот текстописец, пејач и басист на рок групата „The Police“. Во неговата кариера има продадено над 100 милиони плочи, има добиено шест Grammy награди и еднаш беше номиниран за Оскар за најдобра песна.
Му посакуваме уште многу успех и чекаме да не закити со нови музички достигнувања! До тогаш, уживајте во неговиот безвременски хит „Englishmen in New York“.