Џастин Бибер моментално ја подготвува светската турнеја, а американските медиуми ја најавија и партнерката на Бибер која треба да биде дел од истата.
Пејачот соопшти уште во август оваа година дека новиот албум ќе биде пуштен во продажба на 13-ти ноември, а веднаш потоа следува и светската турнеја со која ќе биде претставен пред фановите.
Бибер сака да ја покани и колешката Аријана Гранде да му се придружи како специјална гостинка на американскиот дел од турнејата. Двајцата оваа година во два наврати настапија заедно на сцената.
И Бибер и Гранде во изминатиот период беа мета на негативни коментари и публицитет во медиумите, па ПР тимот зад двајцата сака да го промени имиџот. Првиот чекор со кој се надеваат дека ќе го направат тоа е добрите настапи на светската турнеја.