Ќе се шокирате: Откриено за што се пее во „Bohemian Rhapsody“

Еден од најголемите хитови „Bohemian Rhapsody“, објавен е на 31 октомври 1975 година, а од тогаш редовно се наоѓа на листите за најдобри песни на сите времиња, но значењето на стиховите се уште никој не го знае.



Фреди Меркјури, фронтменот на Queen, еднаш изјавил дека песната зборува за врските, а нејзиното значење не сакаа да го откријат ни останатите членови на бендот. По 40 години, биографот на Фреди, Лесли Ен Џонс тврди дека стиховите кријат тајна порака, односно признавањето на Фреди дека е хомосексуалец. Со ова тврдење се согласува и текстописецот Тим Рајс, кој добро се познавал со фронтменот.

- Мене ми е очигледно дека тоа е негово признание. За тоа разговарав и со тапанарот на бендот, Роџер Тејлор. Пораката е јасна, Фреди признава дека е хомосексуалец. Во стихот „Mama, I just killed a man“ (Мамо, само што убив човек), Фреди сака да каже дека го убил стариот во себе, личноста која тој до тогаш бил. Стихот „Put a gun against his head, pulled my trigger, now he’s dead“ (Му ставив пиштол на глава, го повлеков чкрапалото и сега е мртов), значи дека дотогашната хетеро личност е мртва. Ја уништил личноста која се трудел да биде и сега се труди да живее со новиот Фреди, објаснил Рајс.



Тој додал дека и стихот „I see a little silhouette of a man“ (Гледам мала сенка на човек) зборува за тоа дека се уште го прогонува она што го направил.

- Кога и да ја слушнам песната, го замислувам него како се труди да го заборави едниот и да го прифати другиот Фреди. Дали успеа? Мислам дека добро се носеше со тоа, додава Рајс.

Лесли тврди дека го прашала Фреди дали песната е негово признание за хомосексуалец, а тој само се насмеал и рекол дека тогаш не било погоден момент за тоа прашање. Исто така, вели дека по смртта на Фреди, неговиот љубовник Џим Хатон го потврдил тоа.

- Беше во право, никогаш не сакаше да признае јавно, мораше да глуми хетеро личност поради својата фамилија. Тоа беше исповед на Фреди за тоа каков можеше да му биде животот, колку би бил посреќен ако можеше да биде она што е. Светот доби прилика да слушне ремек-дело, комплексно и слоевито, со едноставна порака. Таа песна беше она што вистински беше Фреди, открил љубовникот на Фреди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби