БРИТАНСКИ МУЗИЧКИ НАГРАДИ:

Адел „прегрна“ четири статуетки, Ријана му тверкаше на бившиот

Синоќа се одржаа Британските музички награди, каде што кралица на вечерта беше единствената Адел, која си однесе дома вкупно четири награди. Таа ги собра наградите за најдобар британски артист, најдобар албум, глобален успех, како и за најдобра британска песна, за песната „When We Were Young“.

- Навистина ми значи да се вратам после толку време и да ме пречекате вака топло, изјави Адел во нејзиниот говор, во кој не успеа да се воздржи, а да не пушти солза.



На шоуто му се оддаде посебна почит на Дејвид Боуви, благодарение на настапот на Ени Ленокс и Гери Олдман. Ени го нарече Дејвид „типичен визионер“ и „ултимативен иконоборец“, додека Гери ја прими награда доделена на Боуви за британска икона.



- Дејвид ти беше смртен, но твојот потенцијал беше натчовечки, а твојата музика ќе живее вечно, изјави тој.

Церемонијата ја отвори бендот Coldplay, кој понуди разнобоен, цветен и весел настап, преку песната „Hymn For The Weekend“. Тие ја добија наградата за најдобра британска група, при што станаа најуспешниот бенд во историјата на Британските музички награди. Крис Мартин има девет статуетки со неговото име, иако Роби Вилијамс  води со 17 награди (12 како соло пејач, а 5 како пејач на групата Take That).



Останатите награди отидоа во рацете на Џејмс Беј за најдобар машки артист, додека Австралискиот рок бенд Tame Impala, ја земаа наградата за најдобра интернационална група. Канадскиот пејач Џастин Бибер, кој исто така настапуваше со песните „Love Yourself“ и „Sorry“ ја зема наградата за најдобра интернационална машка ѕвезда.



One Direction добија статуетка за најдобар спот за песната „Drag Me Down“.

Ријана се обедини со нејзиното поранешно момче Дрејк, за да ја исполнат нивната најнова песна „Work“. Кога таа се појави на сцена Дрејк и се поклонуваше, додека таа му врати со сензуално играње и тверкање.



Секоја чест за Дрејк кој успеа да издржи покрај тверкањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби