Седмата песна од најновиот албум на Тејлор Свифт, „1989“ со кој пејачката беше на светска турнеја, конечно излезе. Она што е мошно интересно е што видеото за песната „New Romantics“ е токму снимено на оваа турнеја и има делови од речиси сите градови каде што таа одржала концерти.
Тејлор, сакала преку оваа песна да им се заблагодари на сите оние кои ја посетија нејзината турнеја.