СЕКОЈ ЗАСЛУЖУВА ШОУ

Џон Њуман скокаше во ритам заедно со публиката

Токму синоќа беше последниот настап организиран од Авалон продукција за ова лето во Скопје.

По неверојатниот Skopje Calling со Робин Шулц и Дејвид Гета, по концертот на срцекршачот Енрике Иглесијас, стигна време за енергичниот настап на Џон Њуман. Иако доцнеше половина час и публиката не знаеше што точно да очекува, кога се појави младиот Британец покажа дека чекањето вредеше.

Најпрво се појави Даниел Кајмаковски, а потоа и групата Eye Cue, кои ја загреаа и подготвија публиката. По некое време, се појави и Џон со неговиот бенд и двата придружни вокали, кои имаа неверојатен глас и изгледаа неодоливо секси.

- Секој што дошол овде, заслужува шоу, кажа Џон и започна со неговиот настап.

Имавме чувство како да сме дел од некој од неговите спотови, а не како да сме во Скопје. Џон скокаше од еден крај на друг крај, покажа енергија која веднаш влијаеше врз публиката, а на крај сите скокаа во еден ритам. Изгледаше како секој атом во неговото тело игра и е полно со енергија. Ги расположи дури и оние кои не ги знаеја добро неговите песни! Целосно се посвети на македонската публика и навистина ги заслужи сите овации кои ги доби.

По еден час, се повлече, но Македонците повторно го повикаа, а тој не можеше да одолее и се врати на сцена, спонтано со цигара во рака. За време на настапот ги пееше неговите хитови како што се „Come And Get It“, „Losing Sleep“, „Cheating“, а на крај заврши со неговиот најголем хит „Love Me Again“, песна која публиката ја пееше откако Џон се повлече од сцена првиот пат.

Ласерските ефекти дополнително ја разубавуваа атмосферата. Авалон уште еднаш докажаа дека се вистински професионалци при организирање на настапи на големи имиња, а ние со нетрпение ги очекуваме следните кои ќе се случат во Охрид, меѓу кои и настапот на Prodigy.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби