Ријана моментално е на турнеја низ Британија, а синоќа одржа концерт во Даблин, каде што задоцнила половина час. Го започнала концертот со емотивната песна „Stay“ поради која се расплакала толку многу што не можела да пее. Продолжила со солзи во очи да ја пее и следната песна „Love The Way You Lie“.
Не кажала што ја натерало да се расплаче, туку продолжила да пее и подоцна се смирила. Сепак, нејзините обожаватели не можеле да се воздржат и навистина ги погодило што Рири била тажна.
Обично за неа мислиме дека е девојка полна со самодоверба, која знае како да го живее животот и по бурниот период со Крис Браун се издигна во една силна жена. Но, секој си има моменти на слабост.