Минатата недела светски познатиот ди-џеј изјави дека наскоро ќе ја објави неговата најнова песна „My Way“. Песната е во негов познат стил, но многумина сугерираа дека можеби се работи за некоја песна преку која ќе ги запре сите оние гласини кои се ширеа за неговата поранешна врска со Тејлор Свифт.
И додека некои се двоумат дали според зборовите на песната Келвин сепак покажува љубов кон Тејлор, тие двајца можеби се повторно заедно.
Имено, Тејлор објави видео на Instagram од Модната недела во Њујорк, каде што во позадина ја пее песната на Келвин „This Is What You Came For“, а истото видео му се допаднало и на Келвин.
Сепак, слушнете ја песната и самите заклучете за што се работи: