Распродаден саботниот концерт на Јоксимовиќ

Еден од закажаните три новогодишни концерти на Јоксимовиќ во Скопје, е распродаден. Отанати се ограничен број влезници и за останатите два закажани за 1 и 2 декември.

Македонскиот организатор на целиот овој проект на Жељко Јоксимовиќ наречен „Два Света” Прагма Продукција, велат дека воопшто не се изненадени од реакцијата на публиката затоа што по пуштањето во етер на првата песна влезниците почнале да се продаваат со голема брзина.



„Два света” е едно сосема поинакво издание на Жељко Јоксимовиќ. Џез варијанти на фолк, поп, рок па и стари народни песни, во придружба на 40 музичари односно Биг бенд на сцена.

Премиерата на „Два света” почнува од скопска адреса и продолжува кон останатите градови од регионот. Она што е впечатливо и вредно за спомемнување е дека диригент на сите овие концерти и комплетна поддршка во проектов е македонски диригент.

Јоксимовиќ во јуни 2014 година беше првиот и засега единствен пејач кој што успеа да ја наполни Националната арена Филип Втори. Статистиката тогаш велеше дека собра повеќе од 70.000 публика а насловните страници пак раскажуваа за најголемиот концерт во дотогашната кариера на Јоксимовиќ.



Концертите на 1, 2 и 3 декември, ќе бидам сосема поинакви од овој историскиот на Филип Втори. Новогодишни со џез манири и со повеќе од 40 музичари на сцена Јоксимовиќ ќе донесе нова предновогодишна приказна во Скопје. Ќе ги врзува единствено квалитетот, односно звукот и продукцијата за која што ќе се погрижи самиот тој.

Цената на влезниците ќе се движи од 1.200 до 3.000 денари. Почетокот на концертот е закажан за 20 часот и 30 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби