Поранешната учесничка во шоуто „Македонски идол“, Јана Бурческа, е нашата претставничка за Евровизија 2017.
-Имајќи го предвид фактот дека според правилата на EBU, секој Национален радиодифузер има целосно право и слобода на избор на форматот низ кој се одлучува актуелниот национален претставник, МРТ одлучи на овој престижен и реномиран музички натпревар, честа за претставување на Јавниот национален радиодифузен сервис и Македонија, да и се довери на младата македонска интерпретаторка Јана Бурческа, се вели во соопштението МРТ.
Од МРТ сметаат дека соработката со Јана ќе резултира со модерен и атрактивен евровизиски производ со кој достојно ќе биде претставена нашата земја.