Сара, Дамјан и Тино: Со отворени карти и без ронка слатко!

Странското секогаш е подобро, послатко, поубаво, а кај нас нема работа, кине „беспарица”, и сите фаци само „странско” пуштаат... Сценарио од филм или македонска реалност?

По завршувањето на првата сезона на Кастинг Талент Шоу, прашање на време беше кога јавноста повторно ќе може да ужива во автентичниот талент на македонските музички изведувачи.



Се појавија и забрани, за што може, а што не може да се слуша во македонскиот етер, но и без тоа, некои навики останаа исти, толку големи, што неможе да се прикријат со никакви правила, само со гласна спротивставеност.

Во поддршка на македонската музика и квалитетот на македонските талентирани изведувачи, Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски на јавноста решија да ѝ го откријат својот став изразен преку несекојдневна музичка „борба” на ставови, оригинално претставена во нивната нова заедничка песна „Немам пари“.

Во новата песна и видео запис, Сара и Дамјан заедно со квалитетната екипа предводена од актерот Тино Костадиновски и водителот Марко Новески, како и многуте статисти вклучени во целата приказна, на непрепознатлив и оригинален начин, отворено и искрено решија да го претстават своето мислење најдобро што можат - преку музиката.



„Борбата” против самосожалувањето и општествената реалност продолжува, а на фановите и јавноста им останува да се одлучат – кој е за, а кој против.

Новата песна на Сара и Дамјан изобилува со богат аранжман излеан од рацете на Лазар Цветковски, а неизоставна е уникатната изведба на гитара на Пејчиноски.

Музиката на „Немам пари“ е на Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски, текстот е на Сара.

Позади видео записот, кој е во режија на Горан Костадинов, стои продукцијата на Горила Филмс, со Васко Павлевски како извршен продуцент.

Директор на фотографија е Кристијан Теодоров, камера оператор е Александар Ивановски, за сценографијаата се погрижи Влатко Чочоровски, а монтажата е на Јован Кучиновски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби