Вечно непреболениот Тоше Проески, ни остави мноштво песни, кои вечно ќе ги пееме. Без разлика на нашите пејачки способности, сите знаеме да ги запееме, да ги преслушуваме неговите песни повторно и повторно и да си замислиме дека тој е уште меѓу нас. Но, реалноста е посурова...
Познатите пејачи знаат од време на време да препеат некоја од песните на Тоше, но овој пат тоа го направија со причина.
Имено, на 10-ти март ќе биде претставен мјузиклот „Тајно моја“ посветен токму на Тоше. За таа цел беше организирано „Кастинг талент шоу“ каде што беа избрани млади и надежни пејачи, кои најдобро ќе го претставуваат нашиот пејач. Како најава за мјузиклот, неколку ѕвезди ја препеаја „Сонце во твоите руси коси“. Освен победниците на шоуто – Антонија Гиговска и Денис Димовски, пејат и Игор Џамбазов, Александар Тарабунов и Весна Петрушевска.