ИМА НЕКОЈА ТАЈНА ВРСКА

Кој дошол на концерт на Бијело Дугме за да седи?!

Бијело Дугме и сите се на нозе! Пеат, се смеат и весело играат во ритамот на едни од најпознатите песни на легендарната група, сега преаранжирани и соодветно адаптирани за оркестарска изведба, но подеднакво добри како и оригиналот.

Вчера вечер се вративме во старите добри времиња и речиси 3 часа уживавме во она што ни го прикажаа Ален, Брега и Тифа. „Ako ima Boga“, „Lipe Cvatu“, „А i ti me iznevjeri“, „Sanjao sam noćas da te nemam“ се само мал дел од песните кои ги слушнавме во текот на вечерта. Песни кои будат носталгија, а во исто време те креваат на нозе, па чувствуваш желба да пееш и во целост да го зграпчиш моментот.

Во преполната сала немаше каде игла да фрлиш, а уште помалку да седнеш. Но, ајде да не се лажеме, кој дошол на концерт на Дугме за да седи?!

Сакале да признаеме или не, има тука некоја тајна врска помеѓу публиката и хитовите на Бијело Дугме, па токму затоа секогаш остануваме „гладни“ за уште по некоја песна.

Еден бис, два биса...Би можеле така до зори, а тие воодушевени од приемот за крај нè почестија со безвременските „Hajdemo u planine“, „ Djurdjevdan, „Ima neka tajna veza“ и „Ruzica si bila“.

Дали ова беше добар концерт? Ма не...Ова беше и повеќе од одлично!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби