„Охридско лето“ со нови селектори, свежи идеи и многу познати уметници

Ова лето ќе се одржи 57-то фестивалско издание на „Охридско лето“, кое ќе започне на 12ти јули и ќе трае до 20ти август. Министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска заедно со директорот на „Охридско лето“ Оливер Арсовски, ни ги претставија новите селектори, Ѓорѓи Цуцковски и Зоран Љутков, кои создале свежа, интересна и мошне квалитетна програма.



- Од оваа година со професионалноста и умешноста на новите селектори внесовме свежина во програмата и убеден сум дека тоа ќе го препознае стручната критика и нашата верна публика. Над 50 настани ќе бидат изведени на познатите фестивалски сцени низ Охрид. Наш приоритет пред сѐ е фестивалот, кој е под покровителство на Претседателот на Р.Македонија и има долга традиција од 56 години успешно постоење, да го задржи епитетот на високо реномиран европски фестивал, истакна директорот на „охридско лето“, Арсовски.

На овогодинешното издание на фестивалот учество ќе земат уметници од повеќе земји од Европа и светот. Како што истакна музичкиот селектор Ѓорѓи Цуцковски, речиси сите уметници од музичкиот дел за прв пат ќе настапат на нашиот фестивал.



- Како главен печат на фестивалот е задржувањето на сериозната музика. Низ историјата на фестивалот за прв пат програмата ќе понуди рекордни 38 музички настани за што низ сцените за изведба ќе земат учество повеќе од 270 уметници, додаде Цуцковски.

За драмскиот дел задолжен е Зоран Љутков, кој се надева дека создал една театарска креација која ќе остави белег во фестивалската историја и ќе ја надополни квалитетната традиција.

- Во драмската програма на „Охридско лето“ се опфатени до сега 4 претстави од домашната сцена и тоа еден театар со репризно издание, 3 премиери и 4 претстави од меѓународната сцена. Акцентот на програмата се трите премиери на македонските театри, истакна Љутков.



Освен програмата, претставено е и новото лого на фестивалот, кое содржи четири симболи и тоа: Самуиловата тврдина како главна карактеристика на градот, поставена на грбот на град Охрид; бранови како симбол на езерото; Маска – симбол поврзан со почетоците на театарот и харфа како симбол за префинета музика, инструмент за кој знаеле уште старите цивилизации. Мотото на овогодинешниот фестивал е „Патот до магијата“.

Програмата на фестивалот ќе биде достапна на официјалната страна од понеделник, 17 април.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби