Монистра - совршено потсетување на старите македонски песни

Во време на Цеци, Јелени и песни без автентичност, она што недостига несомнено е добра и квалитетна музика. Понекогаш инспирацијата за истата може да се најде во она што навидум сме го заборавиле...Нашата богата ризница на песни и ора.

Групата „Монистра“ веќе 15 години создава етно музика преку која ја негува традицијата и нè потсетува на старите добри изворни песни, кои своевремено се пееле низ различните делови од земјава.

Минатата недела групата го прослави својот јубилеј и го промовираше вториот студиски албум „Киниса моме на вода“, со голем концерт во МНТ. Недела подоцна се уште сме под импресии од нивниот енергичен настап, кој беше обогатен со гостувањето на Петар Ренџов, Владимир Крстов и женскиот хор „Св. Злата Мегленска“.

Тоа несомнено беше вечер за паметење, дури и за оние кои можеби нема да се пронајдат во етно фазонот или пак се премногу млади за да препознаат дел од песните кои што се изведуваат. Сепак, кога еднаш ќе ја слушнете уметноста која ја создава Монистра, веднаш ја забележувате страста со која и вдахнуваат живот на старата македонска песна и ја претвораат во нешто неповторливо. И тогаш не може, а да не почнете да потпевнувате и енергично да мрдате во своето седиште, зошто тоа е ритам што целосно ве обзема.

Ова се наши песни, песни низ кои е проткајана традицијата и кои никогаш не смеат да заминат во заборав, а Монистра на совршен начин нè потсетува на тоа.

Posted by IDIVIDI on Sunday, April 9, 2017



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби