Свифт гази сè пред себе: За само 24 часа сруши 4 рекорди

Тејлор Свифт не се шегува кога станува збор за нејзината музика.

Пејачката успеа за само 24 часа да сруши дури 4 рекорди со нејзиниот „Look What You Made Me Do“ сингл, а како што изгледа од бројот на прегледи кои видеото ги има на YouTube за кратко ќе сруши уште некој.

Свифт во само една песна, ја „уби“ старата Тејлор, им врати на сите оние кои во последните 2 години ја напаѓаа дека е змија и успеа да ја сврти топката во своја корист.

Првичното видео со текстот од песната за еден ден достигна 19 милиони прегледи со што го сруши претходниот рекорд на Chainsmokers и Coldplays за песната „Something Just Like This“ кој беше 9 милиони.

Свифт го прегази и својот другар Ед Ширан на Spotify Streams каде нејзиниот нов сингл беше стримуван 8 милиони пати во првите 24 часа, додека Ед и „Shape of You„ претходно беа на тронот со 7 милиони.

Сепак, сето тоа е ништо споредено со гледаноста која што ја има видео спотот, инаку во режија на Џозеф Кан. Тејлор ја прегази „Hello“ на Адел со нешто помалку од 30 милиони прегледи. За само два дена спотот има неверојатни 72 милиони прегледи. Look What You Made Me Do воедно е најпрегледуваното деби на Свифт на YouTube. Претходното беше со „Bad Blood" која имаше 17 милиони прегледи за еден ден.

Видеото за новиот сингл несомнено е мало уметничко дело, преполно со детали и скриени пораки кои деновиве се топ тема на социјалните мрежи. Додека обожавателите се обидуваат да ги одгатнат сите скриени пораки, пејачката им се заблагодари на танчарите од спотот за тоа што ја испочитувале тајноста на целиот проект.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби