ЕДНОСТАВНО ОДЛИЧНО

Кој мисли на избори кога Стинг е во Скопје?

Помина и тоа...Концертот на Стинг што беше распродаден со рекордна брзина, за наша среќа или несреќа, се падна во ден на локални избори. Сепак, на повеќето кои дојдоа да го слушнат во живо, политиката им беше последното нешто на кое што размислуваат додека ги пеат неговите најголеми хитови.

Она што можеби не ни оди прилог во целава ситуација е што повеќе уживаме во тоа да го снимиме моментот, отколку целосно да уживаме во него.

Интересно беше да се гледа како цел партер внимателно го снима пејачот додека ги изведува „Desert Rose“ и „Every Breath You Take“, небаре тие снимки живот значат. За среќа имаше и моменти кога домашната публика забораваше на мобилните телефони и уживаше во она за што е дојдена – концерт на Стинг во Скопје.

По настапот на Жан Мишел Жар ова несомнено е втор најдобар настап на кој што сме присуствувале во ВИП Арената. И да бидеме реални од целата продукција која што стои зад Стинг, не се очекува ништо помалку.

Кога она што го гледаш на сцената е со квалитет на телевизиски видео спот, едноставно знаеш дека си дошол на вистинското место. Ако кон тоа се додадат одличните ефекти на видео бимовите и неповторливиот глас на Стинг, на крајот се добива совршено спакуван уметнички производ.

Некои му замерија што прво го пушти синот, Joe Sumner, да ја „загризе“ публиката и да покаже што знае. Велат не платиле за да го слушаат синот, туку таткото. Сепак, дури и тие мора да признаат дека и за „малиот“ ( има „само“ 40 ) важи правилото дека крушата не паѓа далеку од дрвото. Плус тоа синот го започна настапот на македонски јазик, по што Стинг не можеше да престане да се смее, а публиката го доживеа неговиот гест како пријатно изненадување.

Што се однесува до тато...Тука сите пофалби се со суперлатив. После неколку децениска кариера, јасно е зошто на неговите концерти секогаш се бара карта повеќе. И зошто сите пеат кога во позадина одат стиховите на „If I ever lose my faith in you“, „Shape of my heart“, „Fragile“ и ред други добро познати хитови.

Можеби и затоа Стинг вети дека повторно ќе се врати пред македонската публика. До тогаш останува да си потпевнуваме и по стопати да ги прегледуваме снимките и фотките од концертот, зошто без селфи и check in во денешно време изгледа веќе не го бива.

Н.В



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби