Скопје подготвено за 36-тото издание на Skopje Jazz Festival

Денес во иновативниот центар на Македонски Телеком беше одржана прес конференција по повод 36-тото издание на Skopje Jazz Festival.

Како и секоја година, така и оваа, прес конференцијата ја водеше Оливер Белопета кој ја најави програмата за овогодинешното издание и откри кои актуелни имиња кои ќе настапат на фестивалот што ќе се одржи 19-22 октомври.

-Програмата не е случајно распоредена по деновите. Отварањето на фестивалот ќе започне со новото европско пијанистичко откритие Дејвид Хелбок и неговото трио, а веднаш по него ќе настапи веројатно најдобриот голем ансамбл во овој момент во Европа, Тrondhein Jazz Orchestra кој доаѓа од Норвешка.
Втората вечер фокусот ќе се сврти кон Австрија, односно на групата Interzone на трубачот Марио Ром, а веднаш по него за самиот концерт од Чикаго доаѓа  познатата џез пејачка Ди Александер.
Третата вечер двојна американска програма, нашиот стар познаник и сеуште верен и актуелен саксофонист Стив Колмен со неговите Five elements, а по нив новиот проект за кој многу се зборува последниве неколку години, гитаристот Марк Рибот и Тhe Young Philadelphians во кој се наоѓаат неколку многу познати музичари и поранешни соработници како Al Macdowell, тапанарот Calvin Westin, а прв пат во Скопје доаѓа и Jamaaladeen Tacumа, изјави Белопета.

Последниот ден од фестивалот е резервиран за еден од најпознатите италијански саксофонисти Роберто Отавианио, а ќе заврши со настапите на пијанистот Крег Тејборн и еден од најпродуктивните норвешки музичари во последните 20 години, Пал Нилсен-Лав.

Фестивалот и оваа години е подржан од голем број спонзори меѓу кои и Македонски Телеком.

Билетите за фестивалот се веќе пуштени во продажба, а може да се најдат во Југотон рекордс, МОБ,МКЦ и MKTICKETS.MK.

ПРОГРАМА:

19 ОКТОМВРИ
Македонска опера и балет, 20:00
DAVID HELBOCK TRIO (Австрија)
TRONDHEIM JAZZ ORCHESTRA & OLE MORTEN VÅGAN (Норвешка)

20 ОКТОМВРИ
Македонска опера и балет, 20:00
MARIO ROM’S INTERZONE (Австрија)
DEE ALEXANDER (САД)
МКЦ Дансинг сала, 24:00
ORLANDO JULIUS & THE HELIOCENTRICS (Нигерија/Англија)

21 ОКТОМВРИ
Македонска опера и балет, 20:00
STEVE COLEMAN & FIVE ELEMENTS (САД)
MARC RIBOT & THE YOUNG PHILADELPHIANS + STRINGS (САД)
МКЦ Дансинг сала, 24:00
ANTHONY JOSEPH (Англија)

22 ОКТОМВРИ
МКЦ Кино Фросина, 17:00
ROBERTO OTTAVIANO (Италија)
Македонска опера и балет, 20:00
CRAIG TABORN QUARTET  (САД)
PAAL NILSSEN-LOVE LARGE UNIT (Норвешка)

ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОГРАМА:

20 ОКТОМВРИ
МКЦ Кино Фросина, 12:00
DIXIELAND
Документарен филм

21 ОКТОМВРИ
МКЦ Кино Фросина, 15:00
NEW MUSIC IN NEW YORK
Презентација на Ичо Видмар
МКЦ Кино Фросина, 16:00
THE JAZZ LOFT ACCORDING TO W. EUGENE SMITH
Документарен филм



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби