После паузата која ја направи поради своите здравствени проблеми, Селена Гомез се враќа со нов сингл наречен „Wolves“.
Песната која зрачи со емоции е инспирирана од лична приказна, а пејачката иако официјално нема објавено нов албум на своите фанови им рече дека треба да бидат во очекување на истиот.
-Ќе ги објавам песните кои сакав да ги објавам, но не бев во можност поради работите кои ми се случуваа во мојот личен живот и беше попотребно да се погрижам прво за себеси, изјави Гомез велејќи дека се чувствува како веќе да има два албума снимено зад себе.
Во музиката која ќе ја снима наредниот период најави дека ќе биде искрена, по сите работи кои таа ги доживеа.
Новиот сингл на Селена Гомез имате можност да го слушнете во продолжение: