„Ono malo sreće“- нов албум на Здравко Чолиќ

Новиот, петнаесетти студиски албум на Здравко Чолиќ „Ono malo sreće“ е прво заедничко издание на двете најголеми дискографски куќи во регионов - PGP RTS и Croatia Records, кој од денес (15ти декември) е во продажба.

Пред празнично, Здравко Чолиќ на својата верна публика и поклонува музичка честитка – албумот „Ono malo sreće“, со 11 внимателно одбрани песни.

Песните што ќе започнат со испишување на некои нови антологии проследени се со врвни аранжмани, а заедно со Чолиќ, потпишани се од значајни регионални автори: Момчило Бајагиќ Бајага, Џибони, Златан Фазлиќ, Антонија Шола, Сандра Сагена, Александар Сретеновиќ, Дамир Арсланагиќ, Маја Сар и Мирослав Рус.

Чолиќ на публиката ги пренесува со целосна сила на неговиот уметнички дар, прекрасен глас што освојува, препознатлива харизма и неисцрпна творечка енергија, докажувајќи дека вистинските музички ѕвезди се вечни.

Продукцијата на албумот е со потпис на Никша Братош, долгогодишен соработник на Здравко Чолиќ.
Посебен придонес на албумот дадоа и гостите на истиот – Теодоси Спасов, светски познат кавалист, Матија Дедиќ, Дејан Петровиќ Биг Бенд и Александар Бањац.
Албумот е сниман во РЛС студио, Ново Место и НБ студио, Загреб. Миксот на албумот е изработен во Прага, во студиото Sono Records, во кое меѓу другите се и: David Bowie, Joss Stone, Gypsy Kings, Nazareth, Julian Lennon, Mike Ster. Мастеринг на албумот е направен во Лондон.

Новото CD "Ono malo sreće", по којзнае кој пат ќе го потврди статусот на Здравко Чолиќ како миленик на публиката и волшебник од чија музичка работилница настануваат вечни хитови, безвременски песни, кои секогаш се проследени со долги и гласни аплаузи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби