Тони Зен со нов албум „Од изворот на изборот“

Познатиот хип хоп артист Тони Зен го издаде својот шести по ред соло албум со наслов „Од изворот на изборот“. Албумот е независно издаден со поддршка на СТ Продукција како дистрибуција и изработка на ЦД и обвивка. Сниман е во студиото „Knobs Keys 'n Stuff“ заедно со Бојан Филиповски „Gloomie“, додека миксот и мастерингот го изработи Мите Димовски во Тралала студио.



-Албумот има 8 песни, сите јас ги напишав, а музиката ја создававме заедно со Кирил Бабамов (гитара) и Ратко Даутовски (перкусии), потоа се приклучија и останатите музичари со своите инструменти и мелодиски линии, бас гитара свири Мартин Јосифовски, саксофон и флејта - Борислав Веселинов, клавијатури - Борче Кузмановски и Бојан Филиповски, Александар Пешевски Сале - усна хармоника и пратечки вокали - Весна Малинова Бабамова и Бојан Филиповски, вели Тони Петковски.

Албумот е акустичен, мирен и сниман во 432Hz, со цел да се задржи природната фреквенција. Сите песни се инспирирани од неговите лични искуства во изминативе пет години.



-Музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта, просветлението, повеќето текстови се напишани како последица од духовните практики и искуства, стекнати во Институтот за хармоничен развој на човекот. Спознавањето КОЈ СУМ ЈАС, средбите со мајсторот, сјаењето и созревањето низ духовната патека, се апсолутната инспирација за создавањето на овој албум. Целта ми е сите да спознаат КОЈ се, и да превземат одговорност за сопственото постоење. Насловот „Од изворот на изборот“ е стекнување свесност, за тоа дека ЈАС СУМ, односно секој е одговорен за сопствените искуства, одлуки и избори во животот. Чистината на душата е изворот, а изборот е дејствување од чистината, објаснува Петковски.

Две видеа со песни од албумот се веќе снимени и 3 lyric видеа се исто така во изработка, а ќе бидат промовирани наскоро. Албумот е отпечатен во 1000 копии и ќе го има во продажба од 23ти мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби