Наскоро ново продолжение на детското шоу „Дајте Mузика“

После точно 27 години, се снима ново продолжение на едно од најпопуларните и најуспешните детски серијали од деведесеттите години, забавно-музичкото шоу „Дајте Музика“

По речиси три децении од култниот едукативно-музички серијал „Дајте музика“, се снима ново продолжение на шоуто кое освен што ги забавуваше младите, им помагаше и на родителите при секојдневното воспитување на децата.

Многумина се сеќаваат и со пиетет сѐ уште зборуваат за случките на Трајче, Сара, Наташа, Раде и Оливер кои освен што важеа за идоли на една генерација, беа главните протагонисти во познатото детско шоу од 1992 година „Дајте Музика“. Овој своевремено мултимедијален проект, еден од најуспешните програмски остварувања на 90-тите, кај десетици генерации остави трајни сеќавања за едно безгрижно време, кое многумина и денес го идентификуваат со среќни детски денови претворени во дружење на улица, забава, детска игра и квалитетна музика.

Денес, после скоро 3 децении, една навидум незначајна средба на првиот училишен ден, ќе им го промени животот на главните протагонисти од новото продолжение на „Дајте Музика”. Јован, Филип, Тео, Наташа, Саша, Кики и уште дваесеттина други деца, на возраст од 6 до 11 години, повторно ќе го „пронајдат“ старото маало кое ќе стане свртилиште на една нова генерација, старо-ново место за забава, игри, први симпатии, малку разочарување, по некоја играчка-плачка и многу детска среќа!



Во копродукција на „Македонската Радио Телевизија“ и продукцијата „Рифенштал” веќе се снимаат нови триесет епизоди од серијалот „Дајте Музика“ чии автори се Лазар и Цаци Паковски. Најголем дел од протагонистите во серијалот се од актерската школа на Весна Петрушевска, која воедно е инструктор по актерска игра во проектот. Серијалот е во режија на Лазар Паковски и Владимир Митревски.

Емисијата повторно ќе изобилува со многу музика, а новите детски хитови ги потпишуваат: Николче Мицески, Никола Перевски-Пере, Роберт Билбилов, Ристо Самарџиев, Игор Џамбазов и други. Во серијалот ќе се појават и познати македонски групи и пејачи како Каролина, Тамара, Влатко Стефановски, Владо Јаневски, Влатко Лозаноски, Елена Ристеска, Бени Шаќири, Некст Тајм, Слаткаристика, Дарио, Дани, Нокаут и други. Улогата на ‘мајстор’ ќе ја толкува доајенот на македонското актерство, Ѓокица Лукаревски, ‘полицаец’ ќе биде Нино Леви, Игор Џамбазов ќе има епизодна улога, а ќе гостуваат и други млади актери и познати македонски спортисти.



-Во денешно време, кога сериозно е лимитиран изборот на детски серии и емисии, децата ја пронаоѓаат својата забава на интернет, гледајќи најразлични туторијали од странска продукција кои притоа немаат никаква едукативна содржина. Резултат на тоа е интензивирано користење на технологијата на штета на заедничкото дружење и социјализацијата со врсници. Идејата на проектот „Дајте Музика“ е да ѝ покажеме на денешната младина, која е и нашата иднина, дека постои и друга вистинска забава, каде што ќе се дружат, играат и забавуваат на начинот на кој се забавувале и играле нивните родители. Сакаме да ги инспирираме децата да се вратат на местата на кои им припаѓаат: маалските паркови, уличките, училишните дворови, кои ќе бидат нивни свртилишта, места за забава, дружење, перипетии, детски интриги, први симпатии, детски радости и разни негодувања, вели Цаци Паковска, еден од носителите на проектот.

Новите 30 продолженија од серијалот имаат за цел преку забава да ги поттикнат традиционалните семејни вредности низ призмата на една нова модерна генерација на детски идоли кои ги почитуваат вистинските вредности: добро однесување, здрави навики, искреност, одговорност, вистинско другарство и емпатија.



Во време кога ‘малите’ екрани се заменети со ‘паметни’, а домашните телевизиски продукти со увозни, продолжението на „Дајте Музика“ ќе нѐ потсети на едно безгрижно време кога единствена детска преокупација освен училишните активности, беа забавните друштвени игри како: школица, јаже, маалски фудбал, кошарка, ластик, долга магарица, криенка и многу други кои денес, за жал, се подзаборавени. А локацијата ‘каде’, ако ја нема, да се пронајде треба!

ФOTO: Дарко Чулиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Зошто мажите и даваат имиња на своите пениси?
- Затоа што не сакаат некој безименко да донесува 98% од нивните одлуки.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби