Време е за џез: 9 дена до стартот на Скопскиот џез фестивал

Скопскиот џез фестивал годинава, со исклучително силна програма и специјален фокус - ECM Records, ќе ја одбележи 50-годишнината од постоењето на култната германска издавачка куќа.



Фестивалот ќе го отворат две легендарни светски гитарски појави: еден од најживописните и најимагинативни композитори и иноватори на гитарата во последните 40 години - Дејвид Торн, како и триото на ултимативниот гитарски херој, неприкосновениот иноватор, композитор и импровизатор Фред Фрит.

Неодоливите мириси на Ориентот и Медитеранот ќе прострујат низ музиката на Ануар Браем - волшебникот на инструментот ут, автентичниот визионер и една од најголемите ѕвезди на дискографската куќа ECM, кој со својот квартет годинава прославува 10-годишнина од објавувањето на прославениот албум "The Astounding Eyes Of Rita", како и низ звуците на грчкиот мајстор на лирата Сократис Синопулос кој ќе настапи со својот уникатен квартет во чии дела се испреплетуваат фолклорните форми, византиската и класичната музика, како и бројните облици на импровизација и џез.

50-годишнината на ECM годинава се совпаѓа и со 50-годишнината на еден од најзначајните, највлијателните и најреволуционерните бендови на 20-от век - Art Ensemble of Chicago, кои, предводени од основачите Roscoe Mitchell и Don Moye, ќе го одбележат овој јубилеј со славеничка светска турнеја, чиј европски сегмент ќе финишира во Скопје. Едновремено, норвешкиот пијанист, клавијатурист, композитор, аранжер и перкусионист Јон Балке ќе ѝ го претстави на публиката на 38. Скопски џез фестивал својот исклучително интересен и оригинален проект Batagraf во едно специјално, ексклузивно издание.

И конечно, последниот фестивалски датум е резервиран за настапот на најпоетичниот пијанист на денешницата, норвешката џез-сензација Торд Густавсен со неговото трио, како и за концертот на квинтетот на новата голема американска саксофонистичка ѕвезда Џејмс Брендон Луис и контрабас рециталот на француската басистка, импровизаторка и композиторка, една од најдоминантните фигури на современата европска музика Жоел Леандре.

Програмата на фестивалот годинава опфаќа и диџеј сет на италијанскиот иновативен џез ентузијаст Никола Конте, концерти на домашните ECM вљубеници Next To Silence и еклектичниот „магичен оркестар“ на Џијан Емин, филмска проекција на документарниот филм посветен на ECM "Sounds and Silence: Travels with Manfred Eicher", промоција и презентација на книгата "Cloud Arrangers" на словенечкиот фотограф Жига Коритник, како и доделување на наградата „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2019 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби