Со настап на Дејвид Торн и Фред Фрит започнува Скопскиот џез фестивал

Скопски џез фестивал, кој започнува во четврток и ќе трае до недела, ќе го отворат двајца култни гитаристи од САД – Дејвид Торн и Фред Фрит со неговото трио во Националната опера и балет (НОБ).

Фокусот на годинашната програма на фестивалот ќе биде одбележување на 50-годишнината од германската издавачка куќа „ECM Records“.



– Од деветте групи или изведувачки имиња на главната програма, шест се практично заштитен знак на ЕСМ, иако бројот на изведувачите кои својата музика ја ставаат на етикетата на ЕСМ е навистина огромен и импресивен. Останатите три групи исто така ги конципиравме да бидат во стилот на некој начин на карактеристиките, отвореноста, авангардноста на ЕСМ, рече на денешната прес-конференција директорот на фестивалот Оливер Белопета.

За фестивалот тој вели дека има постигнато репутација во светот која е огромна и таа репутација, како што рече, е постигната токму поради засебноста и оригиналноста на самата програма и храбриот програмски пристап.

– Нема многу такви фестивали во Европа, има неколку и наша главна цел е да ја задржиме таа оригиналност и таквиот пристап. Тоа значи дека програмата не се прави за да се повладува на вкусовите на домашната публика, туку односот кон публиката треба да биде повеќе од едукативен карактер, вели Белопета.

Тој додаде дека промените во џез музиката се прилично големи и дека таа се повеќе оди кон широчина и продлабочување на експериментирањето, импровизациите и врските со сериозната музика.



– Втората вечер носи еден ориентален призвук и една ориентална магија најнапред со еден извонреден квартет од Грција, кој го води Сократис Синопулос, кој го свири инструментот типичен особено за јужните делови од Грција – лира. По него еден човек кој првпат гостува, најголемиот мајстор на онаа арапска лејта која се вика ут, Ануар Браем кој овде доаѓа со квартет.

Во сабота ќе настапи клавијатуристот, композитор, аранжер и перкусионист од Норвешка, Јон Балке со својот оригинален проект „Batagraf“ во есклузивно издание, како и легендарните Арт Ансамбл. Во недела два концерта првпат во Скопје ќе одржи еден од најмелодичните, најлирични и најпоетски расположени пијанисти во светот, Норвежанецот Торд Густавсен.

Фестивалот практично ќе заврши во недела вечерта со концертот на едно од најблескавите имиња на саксофонот од новата американска генерација Џејмс Брендон Луис. Кон програмата в недела ќе се приклучи и контрабас рециталот на француската басистка, импровизаторка и композиторка Жоел Леандре, една од најдоминантните фигури на современата европска музика.

Програмата на фестивалот годинава опфаќа и диџеј сет на италијанскиот иновативен џез ентузијаст Никола Конте, концерти на домашните ECM вљубеници „Next To Silence“ и еклектичниот „магичен оркестар“ на Џијан Емин, филмска проекција на документарниот филм посветен на ECM „Sounds and Silence: Travels with Manfred Eicher”, промоција и презентација на книгата „Cloud Arrangers” на словенечкиот фотограф Жига Коритник, како и доделување на наградата „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2019 година, соопшти управата на Скопски џез-фестивал.

На прес-конференцијата присуствуваше и претставничката од УНХЦР Моника Сандри поради заедничкиот проект со фестивалот, кој го носи слоганот „Џез солидарност со бегалците“.

– Музиката и солидарноста отсекогаш одат заедно, ниту музиката има граници, ниту солидарноста има граници. Затоа и ги споивме овие два концепта на музика и солидарност. Музиката дефинитивно има моќ да обединува, да проговори за добрината во луѓето и затоа всушност е оваа метафора, рече Сандри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на дијабетесот
565.- Умре византискиот цар Јустинијан I ...
1263.- Умре Александар Невски, новгородски кнез,...
1533.- Шпанските освојувачи под командата на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби