Нов спот на Кирил за „Врба“, филмот наскоро си оди од киносалите во Македонија

Промовирана е уште една музичка тема од саундтракот за филмот „Врба“, која ја потпишува композиторот Кирил Џајковски. Филмот на Милчо Манчевски во Македонија продолжува да ги руши рекордите на гледаност со над 26.000 гледачи за еден месец од кинопремиерата. Во таа насока, од продукцијата ги повикуваат гледачите да побрзаат да го гледаат „Врба“, бидејќи наскоро си оди од македонските киносали, а животот му продолжува на светските филмски фестивали и кинодистрибуција.

Инаку, идејата за музичката тема „Willow Dawn“ (Врбина зора) на Џајковски е претопување на „Тешкото“ во еден модерен ритам.

-Идејата за „Willow Dawn“ тргна од Милчо, кој предложи да се проба некоја модерна верзија на „Тешкото“. Јас имав една идеја во амбиентален трип-хоп манир, па се обидов да ги поврзам двете теми. Од таа комбинација ми се чини излезе интересен спој, каде што интензивниот звук на зурлата, електронската и ритмична подлога на некој начин интимно, а сугестивно доловуваат момент на страсна и важна пресвртница во приказната на главните ликови на филмот, вели Џајковски.

Првиот сингл од саундракот за филмот, кој неодамна беше промовиран е „Ред Сафари“.

Наскоро излегува и саундтракот за филмот.

Врба имаше светска премиера на 19 октомври на фестивалот во Рим, минатиот месец играше и на фестивалите во Тајпеј, Тајван и Талин, Естонија. Секаде доби извонредни критики и одгласи кај публиката, а медиумите во Талин го препорачаа меѓу топ 5 филмови што треба да се гледаат на фестивалот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби