Telekom Electronic Beats Weekender

Подгответе се за продолжен викенд со клупска музика

Иако температурите паднаа, Telekom Electronic Beats Weekender ќе ја подгрее атмосферата во градот. По успешниот летен TEB Picnic што се одржа во Градскиот парк, овојпат на ред е зимска забава на затворено, која ќе се случува претстојниов викенд.



Тридневното Telekom Electronic Beats Weekender искуство почнува вечерта на 6 декември во клубот Минус 1, за да продолжи на 7 декември во клубот Епицентар. Овие два дена се загревање за главната забава, за која е резервиран крајот од викендот.

В недела, 8 декември, предвидена е целодневна, 15-часовна забава која ќе почне со зимски pop-up маркет во 13:00 часот во дворот на Three Kitchen and Bar. Покрај квалитетна музика и поставка на уметнички инсталации и рачни изработки, посетителите ќе можат да дегустираат грејано вино, вурст колбаси, костени, вафли и други вкусни закуски. Забавата ќе продолжи во текот на ноќта со диџеј сетови во клубот 12.12, каде што посетителите ќе можат да разгледаат и да купат музички плочи од изложбата на Skopje Vinyl Convention. Оние најупорните, решени да се забавуваат до самиот крај на продолжениот викенд, ќе ја имаат шансата да го направат тоа во Станица 26, каде што главната забава започнува во 23:30 часот и ќе продолжи до раните утрински часови во понеделникот.

Дојдете на Telekom Electronic Beats Weekender - незаборавно викенд искуство на кое ќе настапат преку 20 музичари. Се гледаме таму!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби