Били Ајлиш доминираше на Греми наградите

Во Лос Анџелес синоќа беа доделени Греми наградите, а церемонијата помина во знакот на смртта на легендарниот кошаркар Коби Брајант.

Настанот започна со едноминутно молчење за Брајант, а главната програма ја отворија пејачките Лизо и Алиша Киз кои исто така го споменаа големиот спортист.

Били Ајлиш доминираше со доделувањето на наградите и зема златни грамофони во четири големи категории. Прво со својот брат Финиас О’Конел доби награда Греми за најдобра песна на годината. Тоа е песната „Bad Guy“која ја сними со својот брат во нивната семејна куќа.

– Oва е мое прво Греми, не верував дека ова некогаш ќе се случи. Знам дека многу се шегувам, и дека изгледа дека никогаш не сум сериозна, но искрено сакам да кажам дека сум благодарна, рече младата пејачка.

„Bad Guy“ беше прогласена и за најдобра снимка на годината, па освен Били, награда добија и сите други кои учествуваа во создавањето на песната.

Били Ајлиш исто така доби Греми за најдобар нов уметник на годината, за албум на годината за нејзиниот прв албум „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“, кој беше награден и во категоријата поп вокален албум.

Лизо имаше најмногу номинации, а зема три Греми награди. Таа беше номинирана во осум категории, а победи во поп соло настап за изведување на нејзината песна „Truth Hurts“, за традиционален R&B настап, како и за современ албум.

Уште еден тинејџер кој ги одбележа овогодишните Греми награди е раперот Lil Nas X. Тој на предцеремонијата освои Греми за најдобар музички спот за песната „Old Town Road“, а потоа и златен грамофон за поп дуо или групен настап, заедно со Били Реј Сајрус. Тој зема награда и за најдобар рап албум.

Кантри пејачката Тања Такер ja доби својата прва Греми награда на 61-годишна возраст и тоа за најдобар кантри албум „While I’m Livin“ кој воедно е и прв што го сними по повеќе од десет години пауза во својата музичка кариера. Таа исто така доби награда за најдобра кантри песна „Bring My Flowers Now“.

Дуото од филмот „Star is born“ зема Греми за најдобра саунтрак компилација за визуелни медиуми. Лејди Гага и Бредли Купер не се појавија на настанот, па златните грамофони ги земаа нивните соработници, тимот продуценти кои работеа на песните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби