Маестралниот Андре Риу повторно во Скопје

Андре Риу, холандскиот "крал на валцерот" и човекот кој овозможи класичната музика да е достапна за сите, заедно со својот оркестар "Јохан Штраус", во ноември повторно ќе настапи во Скопје како дел од својата светска турнеја.



Маестро Андре Риу во ноември повторно ќе се претстави пред Македонската публика. Ќе имаме шанса да чуеме една сосема нова програма исполнета со фантастични филмски мелодии, мјузикли, опера и оперета како и традиционална музика. Подгответе се за незаборавна вечер исполнета со музика и валцер.

"Јас и мојот оркестар сме многу радосни за повторното гостување во Скопје во склоп на нашата светска турнеја.” - вели Андре Риу. “Концертот во 2019-та беше навистина емотивен и незаборавен, а прекрасната публика не’ пречека со огромен ентузијазам. Со нашето враќање во ноември ја прославуваме љубовта, животот и секако, музиката."

Андре Риу верува дека класичната музика е создадена за сечие уживање, па преку својата умешност, на забавен начин, ја приближува до сите возрасти. Токму поради таа причина, Андре е еден од најдобрите изведувачи на нашето време.

Неговите настапи се многу повеќе од само музика - раскошни фустани, романтични светла и пространи платна зад оркестарот, заедно со бројни интернационални солисти и сето тоа зачинето со добар хумор. Таму е дозволено да се смее, плаче, игра, танцува… перфектен спој за одлична забава.

Риу се наоѓа на првото место на над 30-тина топ-листи, добива 500 Платинум награди и продава повеќе од 40 милиони ЦД и ДВД изданија. Неговите видеа на „YouTube” надминуваат милијарда прегледи, а неговиот „Facebook” има 5 милиони следачи. Ова се само дел од причините зошто Њујорк Тајмс го нарекуваат вистински “Маестро на публиката”.

Концертот ќе се одржи во С.Ц Борис Трајковски на 27-ми ноември 2020 година, а билетите ќе бидат достапни во продажба од среда, 11-ти март од 10 часот на www.andrerieu.com, mktickets.mk и на www.karti.com.mk.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто плавуша носи наочари на
стомак?
-Има слепо црево.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби