Филхармонија почнува со онлајн емитување на дел од своите концерти

Филхармонија за сите оние кои сакаат да слушаат класична музика, а поради актуелната состојба со коронавирусот не се во можност тоа да го сторат, почнува со емитување на дел од своите синфониски концерти на социјалните мрежи кои можат да се најдат и на Јутјуб каналот.



Со тоа и оваа институција се приклучува кон културните установи кои почнаа да емитуваат онлајн програма поради актуелната состојба со коронавирусот.

– Поради состојбата во која што се наоѓа и нашата земја, и поради неможноста да се изведе концертната програма во живо, нудиме алтернативна варијанта за сите оние кои сакаат да уживаат во класичната музика и во изведбите на нашите филхармоничари и исклучителните диригенти и солисти кои гостуваа на сцената на Филхармонија. Серијата емитувања започна со феноменалниот концерт „Моќта на Заратустра“ и изведбата на едно од најмоќните дела во класиката – „Така зборуваше Заратустра“ на Рихард Штраус, под водство на врвниот маестро Антони Вит, информираат од Филхармонија.

Освен концертите кои се составен дел од официјалната програма, Филхармонија секоја сабота на Јутјуб каналот и на социјалните мрежи ќе ги емитува и Концертите за деца.

– Следуваат уште многу возбудливи музички патувања со оркестарот на Филхармонија, кои се надеваме дека ќе ви бидат дополнителен мотив и сатисфакција да останете дома и да ги почитувате препораките!#СедиДомаСоФилхармонија, се наведува во соопштението



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби