Ја замени Италија за Македонија: Сања Димова гради кариера дома

Струмичанката Сања Димова (19) е новата македонска ѕвезда која со својот ангелски глас и песна во модерен ритам ќе се обиде да го пронајде своето место под домашното естрадно небо.



Нејзината прва авторска песна го носи насловот „Знам да кажам не“, а на неа како автори на музиката и текстот се потпишуваат Димитар Симонов и Зоки Зоц, аранжманот и миксот се на Дејан Стојановиќ, додека мастерот е дело на Иван Јамандиловски.

Спотот кој изгледа светски и драстично се разликува од она што сме навикнати да го гледаме во домашниот етер е снимен во режија на веќе докажаниот Алек Тасевски. Свое учество во спотот имаат и атрактивните модели Ева Живковска, Мирјана Ристовска и Никола Стојановски, кои одлично се надополнуваат во видео-приказната.

Прекрасниот глас и талентот за пеење го наследила од своите родители Билјана и Борис Димови кои настапуваат во дует, а јавноста имаше можност да ги види низ годините на најреномираните фестивали во земјава. Кога станува збор за музичкото образование, Сања избира да студира отсек соло пеење на државното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип, а по дипломирањето заминува на студии на реномираниот факултет „Ариго Боито“ во Парма, Италија. Нејзините планови за кариера во Италија ги променува пандемијата предизвикана од новиот корона-вирус, тогаш одлучува да се врати во Македонија и токму тука да го чекори патот на музиката.

Во продолжение погледнете како изгледа првиот проект на Сања Димова, нашата нова музичка ѕвезда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби