Мајли Сајрус најави албум со преработки на „Металика“

Лос Анџелес, 21 октомври 2020 (МИА) – Американската поп-рок пејачка Мајли Сајрус најави албум којшто ќе содржи исклучиво преработки на песни од хеви метал групата „Металика“.

– Работиме на албум со препеви на „Металика“ и во мигов сум зафатена со тоа. Јас сум пресреќна што при сѐ ова, сиве овие услови, можеме да работиме на нашата уметност… Отпрвин, идејата не ми изгледаше возбудлива, но сега сум целосно воодушевена, вели таа.

Сè уште не е познато со кого сѐ ќе соработува заради албумот. Во август стана јасно дека таа веќе нема да работи со нејзиниот долгогодишен музички партнер Коди Симпсон.

Ова не е првпат Мајли да соработува со „Металика“. На минатогодишното издание на Фестивалот во Гластонбери таа веќе отпеа своја верзија на култната балада „Nothing Else Matters“ од веќе легендарниот метал-бенд. Има и свои преработки на песни од покојниот Крис Корнел, „Кренберис“, „Пинк флојд“, „Нирвана“ и други. си/ми/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби