Пол Мекартни најави нов албум во декември

Ливерпул, 22 октомври 2020 (МИА) – Познатиот британски музичар Пол Мекартни на 11 декември годинава ќе го издаде својот албум „McCartney III“. Се работи за нова колекција песни напишани, отсвирени и продуцирани од поранешниот член на „Битлс“, точно половина век по неговиот прв соло-албум.

Новиот албум е издаден од „Капитол рекордс“, а снимен во Сасекс, на југот на Англија. Како и другите два албума со слично име, „McCartney“ од 1970. и „McCartney II“ од 1980 година, сега веќе 78-годишниот музичар и овој го сработи сам.

– Живеев „заклучен“ на мојата фарма со моето семејство и одев во студиото секој ден. Морав да работам на филмска музика, и така настана првата песна. Кога ја завршив, се прашував што натаму, изјави Мекартни за „Ролингстоун“.

Потоа, како што вели, се вратил на полудовршените секвенци што ги создавал со текот на годините.

– Секој ден го почнував со снимање на инструментот на којшто сум ја напишал песната и постепено правев нови слоеви… Беше многу забавно. Тоа беше создавање музика за себе, а не за некоја цел. Правев работи што сакам да ги правам и не знаев дека тоа ќе заврши како албум, вели тој.

Пол Мекартни го објави својот претходен албум „Egypt Station“ 2018 година, а неговата последна турнеја се случи минатата година. си/ми/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби