Тараџи Хенсон ќе ги води Американските музички награди

Американската актерка Тараџи П. Хенсон потврди дека ќе биде водителка на Американските музички награди – АМА, за 2020 година.



– АМА-наградите ја обединуваат музичката заедница за да го прослават она што навистина ги придвижува сите уметници – обожавателите! Горда сум што ќе се појавам на сцената како домаќинка на овогодишната свеченост – исто така и како обожавателка – па ветувам дека ќе биде електрифицирачка музичка вечер!, изјави ѕвездата на ТВ-сериите „Империја“ и „Скриени фигури“.

Претходно Дуа Липа го најави своето учество како настапувач на сцената.

Номинациите за АМА 2020 беа објавени минатиот месец. Пет од нив освои дебитантката Меган Ди Сталион – вклучително и категориите Нов уметник на годината и Соработка на годината. Натаму, Бад Бани, Џастин Бибер, Лејди Гага, Тејлор Свифт и номинираните за првпат – Да Бејби и Доџа Кет добија по четири номинации.

Свеченото доделување ќе се одржи на 22 ноември во театарот во Лос Анџелес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
И предлага мажот на жената да се
избричи доле,а таа прашува:
-А зошто?
-Па така,малце промена,за еротика
знаеш.
-Ти не си нормален,па да ми се смее
цело село.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби