Пoчина познатиот српски пејач Предраг Живковиќ Тозовац

Српскиот пејач и хармоникаш, Предраг Живковиќ Тозовац, ја загуби битката со коронавирусот на 86-годишна возраст, јави дописникот на МИА од Белград. Тозовац одредено време беше во болница на кислородна поддршка, а пред неколку дена изјави дека би сакал да го пуштат дома за да може достоинствено да умре.



На хармониката што му ја оставил татко му Тоза, по кого го добил прекарот, почнал да свири на 10-годишна возраст, заработувајќи за живот свирејќи на свадби.

Покрај хармоника, Тозовац научил да свири и на тапани и на труба. Завршил средно училиште и студии по економија.

Своите први синглови ги снимил на 11 јуни 1965 година. Слава стекнал веќе во 1967 година со песната „Под липата, покрај потокот“, а истата година, снимил четири синглови во дует со Силвана Арменулиќ („Девојко гарава“).

Неговата голема популарност почнува во 1971 година со композицијата „Мирјана“ и следната година со песната „Очите на една жена“ со што го потврдува својот статус на најпопуларен пејач во тогашна Југославија. Во 1972 година ја отпеа песната „Еремија“, која тогашните комунистички власти ја класифицираа како четничка песна, поради што беше принуден да се засолни во Германија. По две години, се вратил во Србија, а властите му го одземаат пасошот, но Тозовац остана миленик на публиката и продолжува да пее.

Покрај многуте концерти и ТВ-емисии, тој пееше и во дует со: Предраг Гојковиќ Цуне, Мирослав Илиќ, Лепа Лукиќ, Мира Васиљевиќ итн. Во осумдесеттите, заедно со Предраг Гојковиќ Цуне и актерката Злата Петковиќ беа водители на познатата „Фолк парада“.

Во 2018 година, на концерт одржан по повод 60-годишнината од радио-телевизија Србија, му беше врачен Златен микрофон на Радио Белград.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби