Нов албум на починатиот пејач Принс

Издавачката куќа „Sony“ објави дека следниот албум на Принс – „Welcome 2 America“ ќе излезе на 30 јули, пет години од смртта на познатиот американски музичар.



Албумот од 2010 година е пронајден во студиото на поп-пејачот во Минеаполис, Минесота, САД. Во таа просторија се наоѓаат голем број демо-снимки, недовршени песни и снимки во живо.

Принс почина на 21 април 2016, на 57 години. Вешто ја одржуваше легендата за неговото скриено музичко богатство додека беше жив. Во 2014 година, музичарот рече дека никогаш не им ги давал своите најдобри песни на издавачите.

Американската телевизиска мрежа Си Би Ес имаше пристап до збирка од 12 песни и вo недела ќе му посвети емисија за тоа. Во својата најава за новиот албум, „Sony“ ја цитираше изјавата на Принс од 2010 година: „Светот се напнува поради дезинформации. Визијата за иднината на Џорџ Орвел е тука. Ние си должиме на самите себе да останеме цврсти во нашата верба да ги надминеме тешките времиња кои претстојат“.

Покрај албумот, ќе биде објавен и неговиот концерт во Лос Анџелес од 2011 година.

Принс или „детето од Минеаполис“ беше еден од најголемите музичари во 80-те и 90-те години на минатиот век, со хитови како „Cream“ и „Kiss“ во коишто вметнува рифови со гитари со поетски стихови и ритам на фанк. Многумина сметаат дека неговиот најголем хит е „Purple Rain“. Тој е автор на стотици песни и добитник на шест музички Греми награди и еден Златен глобус, како и престижниот Оскар за оригинална песна „Purple Rain“ за филмот „Пурпурен дожд“ од 1985 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби