Павле Камиловски: И покрај разделбата Катерина има посебно место во мојот живот

Македонскиот музичар и уметник Павле Камилоски потекнува од познато галичко семејство. Со сто мераци зборува за Галичник. Не само за убавините на селото туку и за галичани, кои надалеку во светот се познати. Па, како што вели: Мојот прапрадедо од Галичник на времето извезувал кашкавал за Њујорк. Во друштво се шегуваат кога ќе им кажам дека во Галичник е донесена првата машинка за бричење и ред други работи. А ако ме прашуваш дали се скржави? Не. Тие се домаќини.



Павле потекнува од познато угостителско семејство, кое веќе 12 години го работи единствениот хотел „Неда“ во Галичник, често сврталиште и на обичните луѓе, но и на многу наши јавни личности или од странство.

„Не е лесно да се одржиш во оваа рбота. Јас и моето семејство се трудиме навистина многу оти која е целта ако некој еднаш дојде и никогаш повеќе не се врати“, раскажува Камилоски.

Од работа на брод до музика - не било лесно. Победата на талент-шоуто на бродот на кој работел е всушност моментот кога решил да почне да пее.

„На 27 години почнав да си го школувам гласот. Вљубен во медитеранската музика почнав да пеам и такви песни. Тоа ми донесе и интерпретации на песни по кои станав познат, но, конечно, и изведба на мои песни“, раскажува Камилоски. Недомана ја промовира „Љубовна рапсодија“ и вели дека е задоволен како ѝ се допаднала на публиката.

За него јавноста дозна кога почна со настапите пред четири години со карванот „Мала Италија патува“ кога изведуваше медитерански песни и шансони. Тогаш ја запозна балерината Катерина Стевковска, се вљубија и почнаа заедно да ја промовираат неговата музика.

„Иако не сме повеќе заедно, сепак, таа е посебен дел од мојот живот. Никогаш не ме интересираа предрасудите затоа што Катерина е повозрасна од мене, затоа што кога некого вистински го сакаш, неважни се годините“, раскажува Павле.

За Галичник и за двете сестри, со кои е многу близок, за разделбата со Катерина, за животот на брод, за некој специјалитет и за претстојната Галичка свадба...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби