Македонската поп пејачка Андреа со нов синг „Choose My Way“

Choose My Way е новиот сингл на Андреа, македонска поп пејачка, веќе добро позната на македонската публика, препознатлива по својот уникатен стил и песните на англиски јазик. Овој пат Андреа допира до тинејџерите со една помрачна, подлабока електропоп балада, во која ќе се пронајдат младите, но и повозрасните. Choose My Way се одликува со подлабока текстуална софистицираност за младата артистка и ги истакнува влијанијата на соул и RnB музиката.



Андреа се појави на нашата музичка сцена минатата година во октомври со песната I Know, и оттогаш па наваму нејзините песни ги освојуваат љубителите на поп звукот ширум светот. По легендарниот Тоше Проески, Андреа е единствената македонска пејачка која за помалку од една година успеа да допре до слуштелите на повеќе од 40 топ радиостаници на Балканот. Со 11 милиони прегледи на TikTok и YouTube, и над 750.000 преку други стриминг платформи, Андреа постепено и сигурно се пробива на светската музичка сцена.

„Додека го пишувавме текстот на Choose My Way, морав да се присетам на сите борби со себе и со најблиските кои ги водев во тинејџерските денови. Нашите родители ни мислат и посакуваат најдобро, но на крајот од денот, ние сме тие кои најдобро знаеме што е тоа што нè прави среќни и исполнети“, изјавува Андреа.

Choose My Way e достапна насекаде од 27 август.

Андреа е родена на 14 февруари 2020 година, а љубовта кон музиката се раѓа на нејзина 5-годишна возраст додека престојува во Харлем поради работните обврски на нејзините родители. Таму се запознава со госпел, соул и RnB звуците кои ја прават доживотен вљубеник во музиката. Како ќерка на професор и доктор, нејзините родители од неа очекувале да одбере слична „респектирана“ кариера. Андреа го одбира патот кон музичката индустрија.

Блоговите ширум светот ја нарекуваат „водечки инди уметник во Македонија“. EQ Music изјави: „Андреа чекори по нагорна линија и е на пат да стане одговор од Македонија на Дуа Липа поради начинот на кој таа пристапува кон попот во модерен и посветен стил.“ Другите блогови велат: „I know“ е сензација на електропоп со динамична инструментација и богат вокал. Потсетувајќи на Florence & The Machine со поголеми влијанија од R&B, Андреа прикажува соул тонови со самодоверба и софистицираност на многу поискусен уметник “. Престижниот британски музички блог Blackplastic ja опиша „I know“ како љубовна песна која буди возбуда и моментална привлечност. Андреа е објавена и во други музички блогови во САД, Бразил, Полска и Русија. Таа беше интервјуирана за радиа и подкасти во САД, Велика Британија, Холандија и Мексико.

Нејзините синглови I Know, I Don’t Know Your Name, Betting on You и Heartbreak се емитуваа на преку 200 радио станици низ целиот свет во над 40 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија, Холандија, Италија, Швајцарија, Норвешка, Франција, Мексико, Канада, Сингапур, Јужна Африка, Грција, Македонија , Бугарија и други.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Полицаец на работа на стадион, за време на утакмица се туфка ли туфка, па на крај изнервиран станува и вика:
- Па добро бе мајку му стара, не може ли да ќутите и да...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1791.- Роден е Мајкл Фарадеј, англиски физичар и...
1792.- Во екот на војната со контрареволуцијата...
1862.- Американскиот претседател Абрахам Линколн...
1933.- Во Париз почна Светскиот младински...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби