Енрике Иглесијас откри дека неговиот албум „Final“ може да биде и последен

Поп-ѕвездата Енрике Иглесијас откри дека неговиот најнов албум „Final“ може да биде и негов последен. Пејачот го навести тоа во разговор на Инстаграм со Рики Мартин и Себастијан Јатра.



-Ова можеби е мојот последен албум. Ова не е нешто за што размислував последниве неколку месеци. Тоа е нешто за што размислував последниве неколку години. Ќе има ’Том 1‘ и ’Том 2‘, но тие се конечни. Јас сум во овој миг од мојот живот, ова поглавје во мојот живот, каде што мислам дека е вистинско време ’да го исклучам‘ тоа и за ова размислувам од 2015 година“, раскажува Енрике.

Претходно, Енрике (46) призна дека турнејата му паднала тешко. Пејачот кој, инаку, е во вонбрачна врска со руската поранешна тениска ѕвезда Ана Курникова од 2001 година, сега открива дека се бори и со физичките тешкотии при турнеите и настапите.

– Првите две недели од турнејата ми беа тешки затоа што ги чувствував во коските, во зглобовите – тоа е она „леле“. Но, докторот ми вели дека сум луд затоа што никогаш не се растегнувам пред концерт. Отсекогаш сум бил доста атлетско „дете“, но знаев дека ќе дојде ден кога нема да биде исто, рече Иглесијас.

Сепак, пејачот најави дека нема да престане да прави музика.

-Никогаш нема да престанам да пишувам песни затоа што сакам да пишувам песни, но ќе го правам тоа поинаку – што значи дека не мора да бидат спакувани како албум – така што овој проект е важен за мене, истакна тој на Инстаграм.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто плавуша носи наочари на
стомак?
-Има слепо црево.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби