Ед Ширан најбогата британска ѕвезда под 30 години

Добитникот на Греми пејачот Ед Ширан е прогласен за најбогата британска ѕвезда под 30 години, со своите 278 милиони евра.



Песната „Shape of You“ е најстримуваниот негов сингл, а тој ја има и турнејата со најголема заработка на сите времиња. Ширан, инаку, неодамна го објави својот нов албум, „Equals“. Со вкупно богатство проценето на 236,5 милиони фунти тој третпат ја задржува својата круна на најбогатата британска славна личност помлада под 30 години.

Втората најбогата славна личност по Ширан е англискиот пејач и текстописец Хари Стајлс, чие вкупно богатство се проценува на 94 милиони евра. На третото место на листата е женската група „Литл микс“, четврти е Најл Хоран, а петта е актерката Кара Делевињ.

Други попознати личности на листата за 2021 година се Луис Томлинсон и Лијам Пејн, и двајцата проценети на 47 милиони фунти (55 милиони евра), Дуа Липа (43,5 милиони фунти), Зејн Малик (38 милиони фунти) и Сем Смит со 36,8 милиони фунти.

Некои од најбогатите ѕвезди вон Обединетото Кралство се Кајли Џенер, која го зазеде првото место со 773 милиони фунти (1,05 милијарди долари), а потоа следи и пејачот Џастин Бибер со 347 милиони фунти.

На листата на најбогати британски спортистки на прво место е велосипедистката Лора Кени со 4,7 милиони фунти, а по неа е шампионката на US Open Ема Радукану со 4 милиони фунти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби