Стартува јубилејниот 20. OFFest

Отворањето на дваесеттото издание на OFFest (9-13 ноември), односно првиот фестивалски ден, ќе биде целосно во знакот на фадото.

Конечно, по неколку одложувања, откажувања и презакажувања, предизвикани од пандемијата, во Скопје ќе го видиме извонредното португалско-шпанско дуо ЛИНА И РАУЛ РЕФРИ, чиј настап е закажан за 20 часот во Националната опера и балет.

Претходно, во Младинскиот културен центар - Кино Фросина, со почеток во 18 часот, ќе биде прикажан докуменарниот филм "The Art of Amália" (Уметноста на Амалија), посветен на големата фадо легенда - најголемата португалската пејачка ѕвезда Амалија Родригез.

Двајцата неверојатно талентирани и реализирани музичари - Шпанецот РАУЛ РЕФРИ, еден од најиновативните светски продуценти во последната деценија (Росалиа, Силвиа Перез Круз, Ли Раналдо од Sonic Youth итн.) и истакнатата португалската пејачка ЛИНА, со класично образование, два албума за Sony Music и експерт за Амалија Родригез - се запознале при еден нејзин настап во култниот „Clube de Fado“ во Лисабон, создавајќи извонредно моќна, возбудлива и оригинална музичка врска.

Лина направила избор од класиците на фадо дивата и тие веднаш пристапиле кон работа во студио на нивниот заеднички проект. Раул креира сосема нова звучна подлога за нејзините фасцинантни интерпретации на класичниот репертоар на големата кралица на фадото, со брилијантни аранжмани, комплетно нов, неиспробан пристап и уникатен електронски поглед кон фадото, истакнувајќи ја нејзината универзална димензија. Заменувајќи ги гитарите со пијано и аналогни синтисајзери, тие ја реобмислуваат популарната музичка форма, задржувајќи ја притоа раскошната убавина на мелодиите и копнежливоста на поезијата, толку витален дел од традицијата.

 Нивниот албум “Lina_Raül Refree” (Glitterbeat, 2020), испорачува модерно, осовремено и надградено фадо, звук што ги надминува тесните географски ограничувања. Тој е веќе препознаен од страна на критиката како едно од насвежите и највозбудливите музички изданија во последниве неколку години.

Концертот на ЛИНА И РАУЛ РЕФРИ, прв во низата планирани за годинешното 20. издание на ОФФест, е веќе распродаден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби