ВИДЕО: Уживајте во новото музичко парче на ДНК и Young Dadi

„Ваков таков“ е најновото музичко парче кое излегува од работилницата на ДНК. Темата е всушност соработка на Панчо и Андреј со Young Dadi, трап артист чие време допрва доаѓа.



Текстот на песната е со потписот на Панчо и Young Dadi, додека музиката е заедничко дело на Панчо, Лазе и Борис Какуринов од Дупер.

Зад аранжманот стои Лазар Цветкоски со мала помош од Борис, во чие LCV студио и е продуцирана и снимена. „Ваков таков“ е мастеризирана во Лондон од страна на Streaky. Веќе стандардно песната е пуштена во исто време и со спот, снимен од Пако, а спакуван од Ѓуле.



-Снимивме дует со, според нас, еден од најперспективните алтернативни трап артисти, за кој спотот го направивме за време на забавата на која го испраќавме за Мадрид на студии. Решивме токму забавата да ја преточиме во видео заради одличната енергија и позитивните луѓе кои беа присутни, а и затоа што сето беше само надополнување на позитивата во песната. Позитивна песна, позитивни луѓе, интересен спој и се роди „Ваков таков“, велат Панчо и Андреј од ДНК.

Уживајте во новото музичко парче на ДНК и Young Dadi, и без разлика дали сте вакви или такви, останете ПОЗИТИВНИ!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби