Легендарните WHITESNAKE со Farewell tour во Скопје!

Скопје се приклучува на WHITESNAKE Farewell tour со голем концерт кој ќе се случи на 12 јули 2022 година, на стадионот на АРМ, од 21 часот.



- Иако сите албуми им се врвни, а концертите енергични и спектакуларни, фронтменот на бендот David Coverdale одлучи во 2022 година да стави крај на WHITESNAKE. Впрочем, тоа е одлука само на најголемите, а крај без Скопје и Македонија, едноставно не е возможен, велат од Авалон организатор на концертот.

Харизматичниот рокер, кој воедно е еден од најдобрите рокенрол пејачи на светот на сите времиња- Coverdale, заедно со Whitesnake, пред македонската публика ќе ги изведат најголемите хитови со кои израснаа многу генерации.

„Here I go again“, „Is this love“, „Fool for your loving“, „Still of the night“, „Love ain't no stranger“, „Give me all your love“, „Ain't no love in the heart of the city“ и уште многу други, се само дел од големите хитови на легендарните WHITESNAKE што ќе прозвучат на стадионот на АРМ, а за кои се имаме уверено дека македонската публика ги пеела и ќе ги пее во еден глас.

-Возбудени сме и со радост го очекуваме настапот во Скопје каде што на оваа последна турнеја заедно ќе го славиме наследството на Whitesnake, кое речиси 50

години ги освојуваше светските топ листи. Благодарен сум што сѐ уште одиме на турнеи низ светот. Сето ова време го уживав и ги славев сите незаборавни моменти со милиони фанови што беа дел од ова исклучително патување и на кое ме поддржуваа во истото. Навистина го сакам заедничкото искуство со моите неверојатни музичари и едноставно ја сакам мојата работа и секогаш ќе ја сакам… речиси пет декадентни и вкусни децении. Ви благодарам!, вели Coverdale по повод прошталната турнеја.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 24-ти ноември во 09 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 1.500 денари

ФАН ПИТ: 2.000 денари



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Што е сличноста помеѓу Бураго количка и женски гради?
- И двете се наменети за деца, ама најчесто татковците си играат со нив.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1154.- Николас Брекспир, е првиот и единствен...
1547. - Во Севилја умре Херман Кортес, шпански...
1567. - Во Кремона е роден Клаудио Монтеверди,...
1642. - Умре Арман Жан ди Плеси Ришелје,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби