„Warner Music“ ги доби правата за сите песни на Дејвид Боуви

Американската дискографска куќа „Warner Music Group“ ги откупи правата на целиот список песни на британскиот рок пејач Дејвид Боуви (1947 – 2016), за 250 милиони долари. Договорот ги опфаќа издавачките права за сите 26 студиски албуми на музичарот, објави „Financial Times“.



– Среќни сме што музиката на Дејвид Боуви сега ќе биде во сигурни раце на „ Warner Chappell Music“ (подружница на музичкиот гигант), изјави адвокатот Алан Грубман, кој ги застапува интересите на наследниците на рок-пејачот.

Неодамна, и американските уметници Брус Спрингстин и Боб Дилан, исто така, ги продадоа правата за сите свои песни на големи светски издавачки куќи за 500 милиони и 300 милиони долари, соодветно. Високата цена по која музичарите ја продаваат својата работа се должи на тоа што таа продолжува да носи голем профит. Песните на музичарите активно се слушаат на стрим-сервисите, се пуштаат на радио станици и се користат во филмови и реклами.

Дејвид Боуви (роден како Дејвид Роберт Џонс) има освоено бројни музички одличја, вклучувајќи и неколку од американските „Греми“ награди. Боуви е прогласен за „Најголем уметник на 20. век“ во Обединетото Кралство, според истражување на Би-Би-Си. Во 2004 година, списанието „Rolling Stone“ го рангираше на 39. место на „100-те најголеми рок-уметници на сите времиња“ и на 23. место на „100-те најдобри вокалисти на сите времиња“.

Последниот албум на пејачот беше објавен на 8 јануари 2016 година – роденденот на уметникот. Тој почина два дена подоцна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби