Андреа: Кога ги имаш вистинските луѓе кои неизмерно те поддржуваат, предизвиците стануваат надминливи, а сните-остварливи

Младата, талентирана, пејачка Андреа Коевска е годинашната претставничка на државата за Евросонг со песната „Кругови”(Circles). Андреа свири пијано и гитара, студира на отсек соло пеење – популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност-Скопје, а во јавноста е присутна околу две години.



Еден од најзаслужните за препознавање и поттикнување на развојот на нејзиниот талент и вокални способности е познатиот музички продуцент, Александар Масевски, благодарение на чија соработка излезе и синглот што ќе ја претставува РС Македонија на Евровизискиот натпревар во Италија.

Андреа пред два дена наполни 22 години, а на нејзиниот роденден разговараме за тежината на епитетот-национален претставник на Евросонг.

Андреа, честитки за изборот да бидеш национален претставник на Евровизија 2022. Ти си млада, а и релативно нова на музичката сцена, колкава тежина и одговорност чувствуваш, покрај огромната радост, да ја претставуваш државата?

– Благодарам, дефинитивно чувствувам голема одговорност и свесна сум за истата. Евровизија е голем предизвик за мене како музичар, но и како личност. Напорно и упорно работам на сè што е поврзано со настапот. Сакам да ја претставам Македонија, а и себеси, во најдоброто светло.

Се јавуваш како автор на текстот, заедно со твојот продуцент, Александар Масевски, кој е автор и на музиката. Како настана „Circles”, има ли песната некоја посебна приказна?

– Кога ја напишавме песната сите коцки се склопија. Масе во секој момент умее да ми ја почувствува енергијата и знае што точно треба јас да извадам од себе за да надминам каква било ситуација. Во периодот кога ја пишувавме песната се наоѓав во една многу токсична врска. Зошто велам токсична? Затоа што се вртевме во круг и ни се чинеше дека нема излез. Но, ова е случај и со многу други сегменти од нашите животи – сакаме да промениме нешто, се трудиме, не успеваме, и така тоа оди во круг… а, ретко ни текнува дека решението лежи во нас – промената треба да почне од нас.



Со музиката си од најмали нозе, музицираш пијано и гитара, а велиш дека твојот најсилен инструмент е твојот глас. Релативно кратко време си присутна официјално на музичката сцена. Твојот прв сингл „I know” е објавен пред неполни две години, а на социјалните мрежи и you tube привлече огромно внимание во светската јавност. Денес веќе говориме со тебе како претставник на Евросонг…се остварува ли твојот сон во музичкиот свет?

– Да, сонот за кариера трае од поодамна. Пеам од кога знам за себе, па затоа и одлучив да студирам на музичката академија. Сега, од оваа гледна точка можам да кажам дека полека, но сигурно се остварува мојот сон. Константно вложуваме труд, време и енергија, не само јас, туку и сите што се околу мене. Ова навистина е тимска работа. Кога ги имаш вистинските луѓе околу себе кои неизмерно те поддржуваат, предизвиците стануваат надминливи, а сните, остварливи.

Сите твои досегашни синглови се на англиски јазик, и еден на македонски јазик. Дали можеби во иднина можеме да очекуваме повеќе песни на македонски јазик?

– Музиката е дел од културата на една земја. Ја сакам Македонија, нашиот јазик, нашата култура и сакам кога придонесувам на каков било начин за развој на истата. Процесот на творење нам ни е спонтан. Јазикот на кој создаваме песни зависи од повеќе фактори, пред сè од моменталната инспирација, емоции, па и од потенцијалниот пласман. Па, затоа и би рекла да, секогаш ќе има и песни на македонски јазик.

Како припадник на новите генерации музичари, што според тебе недостасува за да се врати сјајот на музичката сцена во РС Македонија?

– Пред сè сметам дека треба да прифатиме дека постојат различни музички стилови и да почнеме да се поддржуваме меѓусебно. Не мора секогаш да бараме валидација од страна или слепо да верувам дека туѓото е подобро. Поголема поддршка од медиумите би значело и поголема изложеност на македонската музичка сцена. Македонија има прекрасни музички таленти, и од постарите генерации, но и од помладите. А, секој музичар може да си ја пронајде публиката доколку му се даде простор за тоа. На крајот од денот, публиката е таа што ни дава мотив да твориме.

Кој се е дел од твојот поширок тим соработници и кои се очекувањата од Евросонг ?

– Покрај Масе и МРТВ имам и свој тим што стои зад мене оваа година и пол и секојдневно ми помага во градење на мојата кариера. Кога станува збор за Евросонг, се фокусирам на тоа што можам да го контролирам. Не може да знаеме со сигурност што ќе се случи таму, но одам со позитивна енергија и со желба да влеземе во финале.

Како се справуваш со негативните критики, односно коментари по социјалните медиуми?

– Искрено, повеќе се фокусирам на позитивните коментари и поддршката што ја добивам и од познати и од непознати. Моментално сме во почетна фаза на подготовки и не би сакала енергијата да ја насочувам кон негативните коментари. Секој има право на свое мислење и тоа го почитувам. Моја цел е да се подготвам најдобро што можам и да ја претставам Македонија во убаво светло.

Ирена Белешковска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Твојата девојка изгледа ужасно! - му вели таткото на синот.
- Го знам јас тоа, ама со твојот стар автомобил неможев да најдам ништо подобро
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На...
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби