Прв мултимедијален концерт на „Дајте музика“ на 25-ти мај

„Авалон продукција“ официјално го најави концертот на „Дајте музика“, што ќе се одржи на 25 мај во стадионот на Армијата со почеток во 20.00 часот. Организаторите информираат дека концертот ќе биде првиот „open air“ мултимедијален концерт од светски размери за деца и млади организиран во територијата на нашата држава.

Бобан Милошески од „Авалон продукција“ рече дека родителите не треба да се грижат затоа што се ќе биде организирано на највисоко светско ниво.

– Еден ден порано од Бугарија доаѓа моџо ограда, што се користи за големи стадионски светски концерти само од безбедносни причини. Тоа оној тип на ограда кој не може никој никако да ја прескокне, изјави Милошоски на денешната прес-конференција, додавајќи дека и родителите можат да присуствуваат со деца од која било возраст.

Продуцентката Цаци Паковска информира дека градењето на проектот „Дајте музика“ започнал во 2019 година.

– Ние сме особено горди затоа што во изминативе три сезони успеавме да издадеме три албума, снимивме авторска музика за преку 70 песни, преработивме најголеми хитови коишто беа значајни за домашната сцена, хитовите на Тоше, на Каролина, Ареа, Влатко Стефановски и уште многу други, истакна Паковска.

Таа додаде дека во целиот тим на „Дајте музика“ во кој се вклучени 40 деца, најголемите таленти ќе настапуваат и со свои песни и дека поентата на концертот е да се промовира македонската музика, особено постарите песни од пред 20-30 години коишто помладите генерации не ги знаат.

Паковска најави дека на овој концерт децата ќе пеат во живо и дека сите гости ќе бидат сведоци на нешто што досега немале можност да го видат.

– Мене ми е особено често што после еден временски гап да речам 20-ина години повторно се појавија нови ѕвезди, нови идоли на новата генерација што позитивно влијаат на децата, нагласи продуцентката.

Ѕвездите на концертот, Миха Гигов, Кристина Мукаетова, Филип Поповски и Анастасија Џабирска, најавија бомбастична кореографија со што сакаат енергијата што ја имале на јуниорскиот Евросонг да ја почувствува цела Македонија и рекоа дека концертот ќе биде интересен не само за децата, туку и за нивните родители.

Освен тоа, тие со подароци обезбедени од „Алкалоид“, ги поканија и децата од СОС село да се приклучат во најавениот концерт на „Дајте музика“. Концертот е подржан од страна „Алкалоид“, „Вива сокови“ и „Бекутан“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби